Организацијата – Здружение на инвалиди на трудот – Охрид од Охрид и општина Дебарца реализирајќи дел од својот план и Програма за работа во делот на активности предвидени за реализација во 2014 година, вчера по свое барање остварија средба со градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски.
На средбата со претседателот Благоја Крстаноски присуствуваа и секретарот Сребре Петроски, претседателката на Активот на Жени при здружението Ленче Филческа и членот на собранието од општина Дебрца Благоја Каланоски.
Градоначалникот беше запознаен со Личната карта на Здружението и со заложбите спред Статутот и програмата за работа според истите. Задачите предвидени за реализација донесени на претседателство како активности и со предлог-проекти во 2014 година како основни се: – реализирање на еднодневна погранична средба со инвалидите од Република Албанија, – помош за реализација на хуманитарна помош со донација на облека и обувки во Специјална болница во Демир Капија, и на истите им беше дадена поддршка со финансиска поддршка од Градоначалникот и Локалната самоуправа.
Средбата заврши со заеднички заклучок: соработката да продолжи и во иднина со заеднички заложби за подобрување на условите за живот и потребите на инвалидите на трудот во оваа општина во делот на социјалната и здравствена заштита.