Демолирање и насилство на денешниот протест пред зградата на Владата на РМ

Денеска од страна на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок-УНИТ поддржано од неколку невладини организации и здруженија започна протест на кој учествуваа околу 600 стечајци.

Имено, протестот започна од пред зградата на Сојузот на Синдикати на Македонија, а потоа учесниците на простестот се движеа кон Собранието на РМ и продолжија кон зградата на Владата на РМ.

Додека се одржуваше протестот во повеќе наврати од страна на присутните беше нарушен ЈРМ и тоа со обид за демолирање на заштитната метална ограда како и туркање на кордонот полициските службеници кои го обезбедуваат протестот. Од страна на полициските службеници е идентификуван и легитимиран еден од сторителите и против истиот како и против организаторот на протестот ќе се поднесаат соодветни пријави.

Околу 15,00 часот поголема бројка од присутните на протестот се разотидоа а во моментот мирно простираат помал број лица.