Во сабота еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвен крст

Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 22 февруари,(сабота) организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвен крст сместена на месноста Липова ливада на планината Галичица 1600 мнв. со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000 мнв. (Магаро или Лако Сигној).

На оваа физичка активност можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и вода мин 1,5 л., капа, очила и друга заштита од сонце).

Групата ќе ја придружуваат и водат членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.

Поаѓањето со автобус ќе биде на 22 февруари (сабота) во 8:00 часот од пред седиштето на Црвен крст Охрид (ул. „Димитар Влахов” 52). Цената на повратен автобуски билет е 250 денари.

Заинтересираните учесници потребно е да дојдат во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-15 часот, најдоцна до 21 февруари  и да пополнат соодветна пријава за учество. Искористете ја можноста да поминете еден возбудлив ден во дружење во прекрасен планински и здрав амбиент.

Лице за контакт: Антонио Додески, 071 34 22 48