Одржана трибина на тема „Поттикнување на еколошката свест кај жителите од Општина Дебарца“

Ва рамките на проектот „Заедно до почиста општина“, денес во просториите на ОУ „Дебрца“ с. Белчишта, општина Дебарца се одржа јавна трибина на тема: „Поттикнување на еколошката свест кај жителите од Општина Дебарца“. Овој проект го води тим од ученици и наставници со поддршка на градоначалникот на општината Игор Трајкоски и директорот на Јавното комунално претпријатие Јасмина Мицкоска. 

На оваа трибина покрај презентацијата на учениците, учество зедоа и градоначалникот на општината, Трајкоски и директорката на ЈКП, Јасмина Мицкоска. Во своите излагања, ја изразија несебичната поддршка за реализација на овој проект. Тие наведоа  дека согласно средствата и ресурсите со кои располагаат, направени се максимални напори за нови инвестиции во комуналната сфера, односно набавени се контејнери за одлагање на отпад, набавен е камион за собирање на отпад, што е неопходен услов за здрава и чиста средина. Градоначалникот напомена дека овде не застануваат, продолжуваат понатаму со работа, со нови  проекти со кои ќе се обезбедат нови средства за уште поголеми инвестиции. Во знак на внимание кон најмалите кои се нашето најголемо богатство, градоначалникот Трајкоски им подели еко маички со логото од проектот „Заедно до почиста општина“.