Пратеникот Николоски: После години работа почнуваме да го градиме најбитниот инфрастуктурен проект за Охрид и цела Западна Македонија

На 74-тата седница на Собранието на Република Македонија беа усвоени Предлог на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево- Охрид и Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид”.

Како што беше  најавено дека градежните работи ќе започнат во првиот квартал од 2014 година,  свеченото отпочнување со градба на автопатот од Кичево до Охрид е во сабота, на 22 февруари. Автопатот од Кичево до Охрид е во должина од 56.7 километри со широчина од 25.5 метри, со две автопатски ленти, дополнителна линија за запирање и зелен појас.

Пратеникиот Александар Николоски од Охрид добил покана од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и на својот ФБ профил напишал:

„Покана за свечено отпочнување со градба на автопатот од Кичево до Охрид на 22. 02.2014 година (сабота). Најубавата покана што сум ја добил во мојата политичка кариера досега. После години работа и лобирање почнуваме да го градиме најбитниот инфрастуктурен проект за Охрид и цела Западна Македонија. Нека е аирлија и со лесно.“ – објави на својот ФБ профил, пратеникикот Николоски.

Вкупната инвецтиција за двата автопати изнесува 574 милиони евра што е најголема инвестиција во инфраструктура децении наназад во Република Македонија. Со законите се остварува долгогодишната заложба за изградба на автопат кон Охрид. Автопатот треба да се изгради во рок од 3 години односно во 2017 година треба да биде пуштен во употреба.

PokanaZaAvtopatKicevoOhrid