Охрид меѓу 30 најубави мали градови во Европа

Интернет-страницата „Телеграф травел“, која постојано ги информира своите читатели за најдобрите дестинации што треба да се посетат низ светот, го вбројува Охрид меѓу 30 најубави мали градови во Европа.

Изборот на листата со градови е направен од 300 туристички агенции од Јапонија кои сметаат дека наведените градови во Европа се најубави и се дестинации што „мора“ да се посетат.

„Охрид, град во Македонија, кој се наоѓа на брегот на Охридско Езеро, е еден од вкупно 28 места во светот кои се на листата на УНЕСКО и поради природните и поради културните богатства“, пишува „Телеграф травел“.

Освен Охрид, на листата на најубави места во Европа се и Котор во Црна гора, Ровињ во Хрватска, Берат во Албанија, Монсанто во Португалија, Копривишта во Бугарија, Пиран во Словенија, како и уште неколку места во Италија, Белгија, Турција и во Франција.

Извор: meta.mk