Кривични пријави за лица од Поградец за сторено кривично дело „криумчарење“

Поднесени кривични пријави против две лица од Поградец, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело „криумчарење“. На 17.02.2014 година, во 19,10 часот, на граничниот премин „Св. Наум“ на излез од Република Македонија извршен е преглед на возило во кое биле пријавените, при што се пронајдени 225 килограми челични елементи (винкли, плочки, шајбни, завртки и др.) во износ од 41.512 денари.