ВМРО-НП: Власта не смее ни да помисли да руши објекти во манастирскиот комплекс Св. Наум

ВМРО – Народна партија во случајот со градбите кај манастирот Св. Наум целосно застанува зад страната на црквата. Според ВМРО-НП, градбите што се изградени во тој комплекс после многу години му го дале вистинскиот лик на тој простор.

Како демохристијанска партија, ја повикуваме владеачката ДПМНЕ, Локалната самоуправа и централната власт која исто така се декларира како демохристијанска партија да не ни помислува за некакво рушење на објекти во манастирскиот комплекс. Иако многу џамии низ државата кои се изградени во последниов период се диво градби никој не се осмелил ни да побара некаква документација, некој сака да се дрзне и да руши објекти во сопственост на црквата.
Не ни сакаме да помислиме дека сето ова е притисок заради последните случувања со Субрата Рој и противењето на црквата на нејзиниот имот наводно да се градат некакви си приварни луксузни комплекси. Се надеваме дека власта ќе донесе разумна одлука и нема да оди против волјата на својот народ.“ – стои во соопшетението од ВМРО-НП Охрид.