ВМРО-НП Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои :
„Градоначалникот Бакрачески пред Советот на општина Охрид, но и на прес – конференција го објави “отчетот“ за сработеното до сега. Тој нагласи дека таа брошура ќе стигне до рацете на секој граѓанин во Охрид. Го прашуваме градоначалникот Бакрачески кој ќе ја дели таа брошура – општинската администрација или партиските активисти на ДПМНЕ?! Дали таа брошура влегува во предизборните активности на ДПМНЕ?!
За жал, во отчетот на Бакрачески најчесто споменуван збор е зборот „ќе“. Отчет не се пишува за тоа што ќе сработите и што ќе направите, туку што сте направиле до сега. Доколку ја согледаме вистината, Бакрачески ништо не направи откако ја презеде власта во Охрид. “Отчетот“ кој го промовира е добар само од графички дизајн.
Единственото нешто што го создаде Бакрачески во овој период е гневот и омразата кај охриѓани. Со бркањето сограѓани од работа и вработување на други послушници на режимот тој само создаде желба за освета кај граѓаните која ќе не врати многу назад. Во образованието избрка професори кои со години работеле на тие позиции за да вработи нови, партиски послушници. Истото е и во општинската администрација. Повеќе од дваесетина фамилии ги остави без леб, а вработи преку педесеттина нови. Цело време се зборува како општинската администрација била пренатрупана, а ставката во буџетот за наредната година за плати е зголемена.
Пред да ја освојат власта во Охрид, секојдневно излегуваа со прес – конференции за насилната урбанизација во градот за после само неколку месеци откако го ја презедоа власта изгласаа маркици на повеќекатници во централното градско подрачје.“ – стои во соопштението од ВМРО-НП Охрид.