Здружението Јадрански Слив и предавачите продолжуваат со спроведување на Проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“ кој опфаќа едукација на учениците за рибниот фонд во Охридското Езеро но и едукација за еколошката свест и заштита. Предавањата продолжуваат во ОУ Братство во Охрид, утре,среда во 12:30 часот. Целта на проектот е подигање на свеста на најмладата популација како идна одбрана од сите можни еколошки предизвици во иднина.