Кај охриѓанец пронајдени и одземени 6.780 парчиња разни пиротехнички средства

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Џ. (46) од Охрид, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.12.2013 година, по извршен претрес во домот на пријавениот, помошна просторија во кафетерија и патничко моторно возило кои се во негова сопственост, пронајдени се вкупно 6.780 парчиња разни пиротехнички средства, кои се одземени.