Кривична пријава за кичевчанец кој бил затекнат при користење дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Л.(31) од Кичево, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На ден 02.08.2013 година во Охрид од страна на полициски службеник забележано е патничко возило управувано од пријавениот кој во моментот е забележан при уживање на наркотична дрога марихуана, за што од страна на полициските службеници преземени се мерки и извршен е преглед во возилото во кое се пронајдени пет зипер кеси со околу 1,73 грама марихуана и еден џоинт.