Делегација на СДСМ предводена од Заменик Претседателката, Радмила Шекеринска, учествува на Конгресот на Партијата на европските социјалисти што денеска и утре се одржува во Рим.
Конгресот ќе го усвои Манифестот на ПЕС во пресрет на европските избори оваа пролет, како и заедничкиот кандидат на европската левица за претседател на Европската комисија.
Радмила Шекеринска денес ќе земе учество во работата на претседателството на ПЕС.
Партијата на европските социјалисти е организација што ги обединува лево-ориентираните европски партии како германските и скандинавски социјалдемократи, француските и австриски социјалисти, британските лабуристи и други. Членките на ПЕС ги водат владите во 12 земји-членки на ЕУ.
Групата на европските социјалисти и демократи има 194 членки и е единствената политичка група во Европскиот Парламент штож има претставници од сите 28 земји членки.
ПЕС е силен поддржувач на политиките за проширување на Европската Унија и пристапувањето на земјите од Западен Балкан.