Корисниците на простор кои имаат поставено урбана опрема да ги подмират обврските кон Општината

Се известуваат сите корисници на простор на кој имаат поставено урбана опрема, а кои не ги подмириле обврските по овој основ кон општина Охрид за 2013 година, истото да го сторат најдоцна до четврток 06.03.2013 година, до крајот на работниот ден.

Во спротивно, ќе бидат активирани издадените прекршочни пријави и предметните локации нема да се земаат предвид при изработката на Програмата за поставување на урбана опрема за 2014 година, која како точка на Дневен ред ќе се најде на идната Седница на Советот на општина Охрид.