Турнир во мал фудбал во сабота и недела

Во сабота и недела (8-ми и 9-ти март) во организација на ЈП „Билјанини Извори“, а под покровителство на Локалната самоуправа Охрид, ќе се одржи турнир во мал фудбал.

На турнирот ќе учествуваат 8 екипи од јавните претпријатија, Општина Охрид како и една екипа од Советот на град Охрид. Натпреварите (четвртфинале) започнуваат во 13 часот во сабота, полуфиналните натпревари се играат во 12 часот во недела. Натпреварите за трето и прво место ќе се играат во недела со почеток од 18 часот.