ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се зборува со факти, а не да се манипулира по секоја цена и да се даваат бесмислени одговори

„Додека СДСМ се занимава со одредени проблематики за кои самата таа партија и челните нејзини членови имаа доста долго време да ги решат истите, додека имаа и даден кредибилитет од народот за осум годишно владеење а не направија ништо, наеднаш се споменуваат критики, па замислите дури и идеи за решавање на проблемите со кои се соочува градот Охрид“, – рече на денешната прес-конференција  портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

„Господо од СДСМ, зарем не ви е јасно дека сето укажување, сите критики треба да ги свртите кон самите себеси. Вашата промена на генерација како што ја нарекувате и промената на Вашите локално водечки личности не Ве амнестира од нити еден направен грев кон градот Охрид. Пристапот за дезинформирање на јавноста е крајно неодговорен како и крајно неодговорно е делувањето на претседателот на ОО СДСМ кој во својот мандат како координатор на советничката група дирекно беше инволвиран во сите одлуки на Советот на Општина Охрид во изминатиов период. На Вашите нови гласноговорници кои дел можеби не се ни од Охрид или пак не ни живееле во Охрид за време на осумгодишната голгота на градот потсетете ги дека…СДСМ градот Охрид го остави во 33 милионски долг…, а ВМРО-ДПМНЕ со крајни напори се обидува тој долг да го анулира. СДСМ градот Охрид го остави во урбан хаос…, а ВМРО-ДПМНЕ се обидува тоа да го реши. СДСМ остави пренатрупана и неефикасна администрација…, а ВМРО-ДПМНЕ оди кон градење на модерна ефикасна и пред се во услуга на граѓаните, администрација. И вакви примери има безброј.“ – рече  Митровиќ.

На прес средбата Митровиќ рече, дека  ВМРО-ДПМНЕ  ја разбира  потребата на СДСМ од медиумскиот простор, потреба како што кажа особено на помладата генерација на СДСМ.

„Тоа ВМРО ДПМНЕ уште еднаш нема да го дозволи, бидејќи граѓаните добро знаат што се не се направи во изминативе години, а што се направи за нецела година од страна на ВМРО ДПМНЕ. Зборувате за уредениот влез во градот Охрид, што во превод значи дека цели осум години не сте можеле ни тоа да го направите. Критикувате средби со амбасадори, со значајни личности…што во превод значи дека и тоа не сте го правеле во изминативе години.И вакви примери имате безброј! Секој јавно изнесен збор сноси и своја одговорност, затоа како што еднаш Ве повикавме, Ве повикуваме и сега… Ако сте политички зрела партија тогаш треба да се зборува со факти а не да се манипулира по секоја цена и да се даваат бесмислени одговори! Одговорот на поставените прашања за економските мерки на Владата што го даде СДСМ е одговорот на една безидејност, немање став и признавање пораз.“- истакна Митровиќ.

Митровиќ рече дека СДСМ се обидува да искритикува економски мерки кои се од интерес на граѓаните на Република Македонија и тоа колку само да се критикува, и додаде дека немаат одговор за основните потреби граѓаните затоа што тие никогаш во 20-те години не донеле мерка за интерес на државата и нејзините граѓани.