Португалија У21 2:0 Македонија У21

Македонската репрезентација до 21 година загуби со 2:0 од Португалија во петтиот круг од квалификациите за Европското првенство 2015 година. На гостувањето во португалскиот Барселос, нашата млада селекција одржуваше резултатска рамнотежа во првото полувреме. Големиот фаворит Португалија го постигна првиот погодок во 51 минута преку Бернардо Силва. Од непостоечки пенал во 59 минута Рикардо зголеми на 2:0. Во 66 минута Димитриевски одбрани најстрога казна за Португалија,  Пасиенса не реализираше пенал. Неуспешен обид да постигне погодок за нашата репрезентација имаше Давид Бабунски во првиот дел и Муслиу во продолжението.

Македонија играше во состав Димитриевски, Ристовски, Алиловски, Зајков, Блажевски, Ашковски, Муслиу, Мицевски, Д.Бабунски, Давид Бабунски, Трајковски. Во игра во второто полувреме Велковски и Радевски на местото од Ристевски и Мицевски.

За нашата селекција поразот е трет во квалификациите за Европското првенство во Чешка. Во групата 8, Македонија има победа и нерешен резултат против Азербејџан, два порази од Норвешка и последниот во Барселос од Португалија.