Собранието со гласовите од сите присутни пратеници одлучи да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори.
За предлог одлуката за самораспуштање гласаа сите 117 пратеници кои присуствуваа во салата.
Претходно, во образложението за предлог за распуштање на Собранието, пратеникот на ДУИ, Неџати Јакупи истакна ваков предлог даваат поради несогласувањето со нивната идејата за консензуален претседател.
„За жал, оваа понуда не беше сериозно третирана, прифатена и ниту еден политички субјект не се осмели да даде позитивен одговор. Изразуваме загриженост и жалење затоа што политичките субјекти се уште не се подготвени за еден таков голем и визионерски политички чекор. Времето ќе докаже дека консензуалниот претседател е голема политичка идеја, а големите политички идеи не се трошат за една политичка кампања, а уште помалку за еден изборен циклус“, рече Јакупи.
Горан Мисовски од опозициската НСДП во својот говор обвини дека предвремените парламентарни избори се „сценарио на Груевски и Ахмети“ и дека вонредни избори одамна се подготвувале.
„Договорот е направен одамна ти мене решавање на хашките предмети, ја тебе поддршка за сите глупости кои може да ги смисли еден политичар и сите работи кои одат во насока на разнебитување и поделба на државата, контролирана нестабилност, фингирани инциденти меѓу Македонци и Албанци, проема на макеоднската историја, унитпувње на медиуми, рушење на основните човекови права и слободи“, рече Мисовски.
Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ, пак, истакна дека нема подемократски чин од изразувањето на волјата на граѓаните на избори нагласувајќи дека предвремените избори не се фарса, како што смета опозицијата, туку тест за актуелната власт и проверка на нејзиниот легимитет.
„Никогаш немало дилема дали граѓаните носат вистински и правилни одлуки, некој друг постојано се сомнева во одлуките на народот и ја потценува неговата волја и никогаш грешката не ја бара во себе и за виновци зошто не добиваат мнозинство и победа на изборите, ги избираат граѓани. Се сеќавата кога политчкиот ментор на лидерот на СДСМ велеше народот е во право и кога греши каква ароганција и непочитување. Ние верувам дека граѓаните се тие кои ги носат најмудрите и најисправните одлуки. Предвреме, пред завршување на мандат да се понуди назад демократијата во рацете на граѓаните е цивилизациска придобивка за секое мнозинство“, вели Бонева.
Бонева вели дека нејзината партија не се плаши од соочување со граѓаните, а дека одлуката за самораспушатање ја поддржуваат поради суштински несогласувања со коалициониот партнер ДУИ околу претседателските избори.
„Денеска, пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалициајта за ’Подобра Македонија’ ќе ја поддржат иницијативата за распуштање на собраниет и на тој начин ќе помогнат во успешноста во изборот за претседател. За нас поклопувањето со претседателските избори во овој случај е како да се одбегне сценариот Македонија да неможе да избере свој претседател и би била принудена на уставни промени“, истакна Бонева.
Последниот говорник на седницата, Игор Ивановски од СДСМ рече дека неговата партија ќе учествува на претседателските и парламентарни избори нудејќи им избор на граѓаните.
„СДСМ ќе учестува на престојните претседателски и парламентарни избори нудиме алтернатива за промени, за подобро, за поарно и ќе се бориме до крај и ќе ја бараме довербата од граѓаните како казна за оваа ваша власт, но повеќе како шанса, како ветување, како обврска и подготвеност од наша страна со нашите проекти и нашите чесни и способни кадри да ја направиме Македонија подобра“, рече Ивановски.
По гласањето, Ермира Мехмети од ДУИ се заблагодари за поддршката за инцијативата и вети дека како дел од инсититуциите ќе се залагаат максимално фер и демократски избори кои ќе поминат во мирна атмосфера.
Вонредните избори најверојатно ќе се одржат на 27-ми април, а кампњата би почнала на седми април.
Извор: Нет Прес