Во врска со денешната прес конференцијата на ОК на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО ДПМНЕ, во која стои:
„Познавајќи го историјатот на делување на Народна партија воопшто не не зачудува нивната промоција и поттик на беззаконието, на немањето на фискална дисциплина и на немањето одговорност кон градот и државата. Основите на државата се законите , нивното почитување и казнените одредби кои се предвидуваат во секој еден закон. ДОКОЛКУ НЕМА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ , НЕМА НИ КАЗНЕНИ ДЕЈСТВИЈА.Тоа е основен принцип на правото во секоја земја и основа на европската демократија . Европа сега не се достигнува со политики на стимулирање на беззаконие.
Народна падна на европскиот испит само еден ден после објавување на нивниот слоган.
ВМРО ДПМНЕ е решено да ја почитува законската регулатива, да ги почитува законските норми кои се столб на државата и од тоа нема отстапување. Оние што пропагираат безакони како Народна и СДСМ паѓаат на тој испит неколку години по ред, ќе паднат и на априлскиот изборен испит. И тоа токму заради нивната промоција и поддршка на беззаконието со кое веќе му нанесоа огромни штети на Охрид како град со кој до пред неколку месеци катастрофално владееа.“ – стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.