Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Охрид, со реакција излезе Општина Охрид во која стои:
„Последното соопштение на ОО на СДСМ, покажува дека оваа партија не познава закон, статут или деловник, а уште попоразително за нив е што и за време на нивното владеење институтот Советнички прашања не постоел во форма на која тие се повикуваат дека ја практикувале или ја почитувале. Јавноста треба да знае дека за време на мандатот на СДСМ во Охрид, само еднаш годишно била одржувана седница на општинскиот совет за советнички прашања. Токму намерата на локалната самоуправа да бидеме транспарентни, се потврдува со воведувањето на институтот советнички прашања во програмата за работа на советот за 2014 година.
Но, добро е што конечно од СДСМ забележаа дека во општина Охрид се реализираат инфраструктурни проекти, се асфалтираат улици и се уредува просторот во месните и урбаните делови од градот. Нивните лажни обвинувања, до скоро се однесуваа на тоа дека ништо не е сработено, за понатака да еволуираат дека реализираните активности и Проекти во “Отчетот за 2013 г. ” е обична манипулација, за денес СДСМ од Охрид да излезе со информација дека се асфалтираат улици во општината, но тие не се финансирани од локалната самоуправа. Ништо необично и многу својствено за политичка партија чиј лидер е најпознатиот политички гаф-мајстор во Р.Македонија, а веројатно и пошироко.
Непознавањето на процедурите за аплицирање на Проекти и добивање средства по таа основа, е нормално за СДСМ која во 8 години власт во Охрид ниту подготви било каков проект, а ниту имаше некој посебен интерес за добивање гранд-средства од одредени програми. Тоа едноставно не се вклопуваше во нивната изградена шема за работа со недозволени цесии и консигнации од кои профитира само неколкумина.
Затоа, бројот на аплицирани Проекти од програми за развој во Р.Македонија за осум години власт на СДСМ во Охрид е 0 (со букви-нула). Бројот на одобрени Проекти за подобрување на инфраструктура од меѓународни фондации и Програми е исто така 0 (нула). Во изминатиот период 2008-2012 година од кога Агенцијата за поддршка на руралниот развој, работи со програми, Општината Охрид немала аплицирано со ниту еден развоен проект ниту се користени финансиски средства од истата. Општина Охрид во месец мај минатата година аплицираше до Агенцијата со три проекти, од кои два (асфалтирање на улици во Косел и изградба на патот Вапила-Сирула) се одобрени и истите после спороведени постапки кои ги водеше општината, веќе се реализираат на терен.
За да се пристапи кон некоја програма, потребно е најпрво сериозно да се ангажираат општинските служби и од нив да се бара постојана работа на Проектна документација. Од април 2013 година до денес, Секторот за ТЛЕР, Секторот за урбанизам и Секторот за комунален развој, силно се насочени кон изработака на издражни проекти и нивно аплицирање кон сите домашни и меѓународни агенции, фондации и асоцијации. Ова е посебно значајно за општина, каква што е Охрид, која се наоѓа во една крајно драматична финансиска состојба заради огромните долгови оставени во наследство од СДСМ и нивниот поранешен градоначалник.
А кога сме кај наводното насилно носење на администрација за потпишување за кандидатот за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Ѓорѓе Иванов. Треба да си или премногу циник или да имаш сериозни проблеми со меморијата, за искажување на такво обвинување. Токму СДСМ пред една година, направи такво понижување кон вработените во државната и јавна администрација, малтретрирајќи ги секојдневно по плоштадите, на кое сеуште се резигнација се сеќаваат луѓето на кои им беше згазено нивното достоинство.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.