„Вашингтон пост“ извести за акцијата на македонската полиција во Музејот на Македонија

Washington post, ABC news, Dailymail, Heraldstandard, Associated Press и многу други светски печатени и електронски медиуми известија за акцијата на македонската полиција и јавното обвинителство за расчистување на кражбата во Музејот на Македонија. Ви го пренесуваме интегрално преведен текстот што беше пренесен од „Асошиејтед прес“, а  објавен на 27 февруари во еден од наjтиражните американски весници „Вашингтон пост“:

MakPolicijaWashingtonPost

Mакедонската полиција ги уапси директорот на најголемиот Музеј во земјата, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство и уште шестмина други за кражба на 162 антички парчиња накит од музејските збирки. Обвинителството во главниот град, Скопје, изјави дека осуммината осомничени ќе се соочат со обвиненија, вклучувајќи нелегално поседување на културни артефакти, злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење во службата. Предметите, најмногу златен и сребрен накит кој датира од 4-тиот век пред н.е., биле земени од депоата во Музејот на Македонија во центарот на Скопје помеѓу ноември 2011 и октомври 2013 година. Портпаролот на полицијата Иво Котевски изјави за Асошиетед прес дека некои артефакти биле пронајдени во домовите на осомничените, но не се знае уште дали истите се меѓу 162 украдените предмети. Кражбата била пријавена до македонските власти во октомври минатата година.