ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да побегне од одговорност преку некакви соопштенија во кои нема нити основа нити став

По соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција до медиумите испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:

„Виновникот за тешката финансиска и структурна состојба наследена во Охрид ,СДСМ,  се обидува да побегне од одговорност преку некакви соопштенија во кои нема нити основа нити став. Дури и  половината на соопштението на СДСМ е и индирекнтна пофалба и потврда за сегашната Локална самоуправа за спроведување на активни мерки во интерес на граѓаните на Охрид. 

Токму така Локалната раководена од  ВМРО ДПМНЕ во Охрид еден по еден , чекор по чекор ги решава и ќе ги решава напластените проблеми кои СДСМ 8 години не ги решаваше во Охрид. Асфалтирањето на  улиците кои стоеа 8 години неасфалтирани , изградба на плоштади кои 8 години не беа изградени во Охрид, изградба на канализациони и водоводни мрежи кои 8 години СДСМ лажеше дека ќе ги направи , се обврски кои Локалната на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ги сработува и ќе ги сработи во интерес на градот и граѓаните. Без разлика на траумите кои СДСМ ги има од тоа.

Воедно, секој масовен собир на граѓаните на Охрид на кои се даваат поддршки на политиките на ВМРО ДПМНЕ  вклучувајќи ја и поддршката на Претседателскиот канндидат и актуелен Претседател на РМ д-р Ѓорѓе Иванов , за СДСМ е  уште една тешка траума и затоа  нормални се нивните панични реакции. 

Собирот во саботата беше собир за поддршка и ставање потпис за кандидатура ,со доброволно присуство и позитивна атмосфера. За разлика од тоа собирите  по улици на СДСМ беа насилни  со попишување на списоци  по канцелариите со кои СДСМ се закануваше на нашите сограѓани вработени во локалната администрација дека мора да излегуваат на улични тнр.протести. Разликата меѓу позитивното кое го носи ВМРО ДПМНЕ и негативното на СДСМ е очигледна. Затоа реакцијата на СДСМ е реакција на безидеен и поразен чинител во Охрид.“-стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.