Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на 1м2 станбена површина во 2013 изнесува 46 825 денари, што е за 6.2% помалку во однос на 2012. Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесува 54 857 денари што е за 6.5% помалку во споредба со 2012 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесува 39 264 денари што е за 9.4% помалку во споредба со 2012. Што се однесува до просечната цена на 1м2 во второто полугодие од 2013, таа е намалена за 12.5% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето е за 8.1%. Наведените просечни цени на 1м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.