Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег кои не се проблем за сообраќајот има на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир, на Стража, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Смојмирово и Делчево.
Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена до 100 метри.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.