Културните работници се едуцираа како да менаџираат со проекти

Во рамки на серијата  работилници „Едукација и менаџирање со проекти“ што ги  организира Секторот за туризам и локален економски развој и Одделението за образование при Локалната самоуправа,  денес во просториите на  општина Охрид,  знаењата и вештините за менаџирање со проекти им беа презентирани на културните работници од градот.

Работилницата веќе ја проследиле над 250 лица а меѓу нив, здравствени работници, ученици во основни и средни училишта, спортски работници, вработените во  јавните претпријатија како и членовите на Локалниот совет на млади  и граѓанските здруженија.

Rabotilnica_menadzeri_4851