Структура на вработени во МЈП – Проаква

МЈП Проаква Струга во 2005 година ја сочинуваа 357 вработени. Во 2013 година бројот на вработени во МЈП Проаква – Струга е 509 вработени. Ако на тоа се додаде бројот на вработени кој се префрлија во ЈП Нискоградба бројот на вработени изнесува 630 лица.

Во 2010 година се формира ново претпријатие ЈП Нискоградба со што бројот на вработени во РЕ Водовод Охрид изнесува 214 вработени.

РЕ Водовод:
– Го губи приходот за канализација (кој припаднува на Нискоградба) како и услуги за водоводно – канализациони изведби и приклучоци во висина од 25 – 30 000 000,00 на годишно ниво, како и
– Зголемени трошоци за одржавање на водоводните линии и изнајмување на средства за работа бидејќи основните средства за работа (градежните машини) се пренесени на ЈП Нискоградба со делбените биланси.

До март 2013 година бројот на вработени во РЕ Водовод Охрид изнесува 280 редовни вработени и 33 договорни вработени т.е вкупно 313 вработени.

Во периодот 2010-2011 година испратени се 12 вработени под биро за вработување како технолошки вишок каде 50% од платата покрива бирото а 50 % покрива РЕ Водовод – Охрид до пензија за кое се води истрага за исправноста на оваа постапка, информираат од РЕ  Водовод Охрид.