Според податоците на Државниот завод за статистика, во IV тримесечје од 2013 година активното население во Република Македонија брои 960 704 лица од кои вработени се 685 479, а 275 225 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност 40.9, додека стапката на невработеност е 28.6.
Државниот завод за статистика постојано вложува напори за скратување на планираните рокови за публикување на статистичките податоци, сè со цел да им излезе пресрет на барањата на корисниците за добивање навремени и квалитетни податоци. Резултат на овие напори е и предвременото објавување на соопштението со статистичките податоци за Активно население за IV тримесечје, 2013 година, на 14 март 2014 година, односно три дена порано од предвидениот термин според Календарот за публикување.