Владата во Ирак го прифатила предлогот на новиот закон за брак, според кој што малолетници, помлади од девет години можат да стапат во брачна заедница. За голем број жители на оваа земја овие измени се чекор наназад за правата на жените.
Овие мерки, чија цел е создавање на различни закони за шиитското мнозинство, дополнително ќе влијае на се’ подлабоките поделби на оваа земја. Исто така, може да доведе до се’ поголем број на девојчиња помлади од 18 години кои ќе бидат принудени да се омажат поради законот кој е на сила во земјата.
„Овој закон претставува злосторство против човештвото како и против детството“, рекла угледната активистика за човекови права Хана Адвар.
Моменталните законски регулативи за брак пропишуваат можност за склучување брак без согласност од родителите и одобрение од 18-тата годна, а девојкте на возраст од 15 години можат да склучат брак со согласност од родителите и старателите.
Извор: Нет Прес