Одржана 21-та седница посветена на советничките прашања

Советот на општина Охрид ја одржа 21-та седница, која беше посветена на советничките прашања. Советниците поставуваа прашања за реализацијата на тековните и идните активности на Локалната самоуправа, поврзани пред се со проектите од комуналната сфера, урбанизмот, капиталните инвестиции, образованието и другите јавни дејности, како и за финансиската стабилност на општина Охрид.

На прашањата на советниците, со прецизни податоци и факти, одговараше градоначалникот Никола Бакрачески,  при што потенцираше дека оваа Локална самоуправа работи законито, транспарентно и отчетно и дека резултатите од таквата работа ги чуствуваат сите граѓани на општина Охрид.