Едукативна работилница за органското производство во Македонија

Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, во рамките на своите активности и зацртани проекти, а со цел за запознавање на можностите, развојот и унапредувањето на органската храна во Република Македонија, организира едукативна работилница на 25-ти март (вторник), во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 18:00 часот.

Органското производство во Македонија станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во исхраната и како систем ги зема предвид еколошките, економските и социјалните аспекти на земјоделството на локално, национално и на глобално ниво, а општина Охрид има голем потенцијал за развој и унапредување на органското земјоделско производство.

Се покануваат сите земјоделски производители, потрошувачи, хотелиери и заинтересирани лица за присуство да земат учество и да присуствуваат на оваа едукативна работилница. Обуката ќе ја реализираат стручни лица од Контролното сетификално тело „ПРОЦЕРТ“ – Скопје.