Во изминатите неколку дена, италијанската компанија „ДФ Лабс“, позната во ИТ сферата во областа на сајбер безбедноста и форензичка анализа, чии клиенти се реномирани меѓународни компании меѓу кои и ИБМ и НАТО најавува инвестиција во земјава.
Со таа цел, директорот на фирмата, Дарио Форте и координаторот за развој на производи, Давиде Бошчироли, се во посета на Македонија, при што остварија и средба со министерот за инвестиции, Џери Наумоф .
„Ние ги поканивме да дојдат во Македонија. После неколкуте посети во текот на изминатите три месеци, горди сме да објавиме дека италијанската ДФ Лабс, ја заснова ДФ Лабс Интернационал во нашата земја. Ова е одличен пример на високо квалитетна и брзорастечка бизнис ориентирана компанија која може да донесе брза одлука за работење во Македонија. Овој проект ќе исплаќа надпросечни плати, ќе вработи млади талентирани дипломци и ќе креира трансфер на најнови практични знаења во технологијата“- изјави Наумоф.
Оваа италијанска фирма планира да вработи околу 20 програмери.
„ДФ Лаб“ евалуирале неколку други земји, како Индија, Виетнам и Србија. Се одлучиле за Македонија како најконкурентни во оперативни трошоци, нискабирократија, поволна даночна политика, како и добра ИТ инфраструктура.Исто од голема важност и им бил и фактотдека е добро конектирана со регионот во кој работат. Ние се сретнавме со министерот Наумоф во Италија и бевме импресирани од неговите познавања за нашиот сектор и нашата компанија. Министерот веднаш ги препозна нашите потреби и уште на првата средба ги имаше скоро сите одговори кои што ни требаа “– изјави Дарио Форте, сопственик и извршен директор на „ДФ Лабс“.