Општина: Излитени, подолго време неосвежени и неаргуменирани се нападите на СДСМ

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид во која стои:

„Обраќањата на СДСМ, како што е и денешното, се повеќе личат на обраќања кон самите себе, отколку кон граѓаните и јавноста. Во време на раздвижен предизборен амбиент , СДСМ упорно и неуспешно се обидува  да го сврти вниманието на јавноста занимавајќи се со  маргинални теми, неаргументирани напади врз Локалната самоуправа  и мноштво излитени стари политички трикови.

Само во СДСМ се чудат зошто најодговорните луѓе во Локалната самоуправа  се на терен и го следат реализирањето на бројните, пред се инфраструктурни објекти, од кои најголемиот бенефит го имаат граѓаните. Граѓаните им се радуваат на новоасфалтираните улици, новите водоводи, уредувањето на јавните површини и другите зафати, а не чекаат да ги читаат соопштенијата и реакциите на СДСМ  во кои на посреден и навредувачки начин на граѓаните им се сугерира дека не е добро да се гради туку да се ветува.  

Политички наивно е некој освен СДСМ да поверува во делот на нивното соопштение „ се растрчаа да реновираат објекти, да санираат улици, да ревидираат проекти, да косат трева, да поправаат потпорни зидови, да асфалтираат улички по селата, да расчистуваат  депонии…“ Проблемите на граѓаните, според СДСМ, очигледно се делат на големи и мали, па така излегува  дека  во нивното практикување на власта повеќе инетерес гледале во личните и партиските отколку интересите на граѓаните. Е, токму поради таквиот однос, граѓаните ги казнуваат на изборите.

Бидете сигурни дека некој ќе ја проголта Вашата тенка приказна и дека најважниот проблем во функционирањето на општина Охрид  се неколку билборди на кои сеуште стои сликата на градоначалникот Никола Бакрачески. Се правите наивни, а знаете дека билбордите се издадени под концесија, концесионерите на општината редовно и ги плаќаат давачките и тие одлучуваат што ќе рекламира на нив.

Излитени, подолго време неосвежени и неаргуменирани се нападите на СДСМ. Поставуваат прашања, а избегнуваат да одговорат на поставените. Очигледно им треба храброст да признаат дека вината за оставеното финансиско беспаќе на општина Охрид тешко над 33 милиони евра е кај нив и дека последиците од тој пустош, ќе се чуствуваат уште долго време.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.