Турнир во мал фудбал помеѓу средните училишта од Охрид

Во рамките на проектот „Безбедни училишта – хармонична средина“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ утре (21-ви март), организира турнир во мал фудбал, чија цел е да ја промовира превенцијата од насилство на спортските натпревари.

На турнирот, што почнува во 9 часот, ќе учествуваат екипите во мал фудбал од ОУТУ „Ванчо Питошески“, ОСУ „Св.Климент Охридски“ и ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ од Охрид.