ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го уништи најубавиот град во Македонија и го претвори во безнадежен

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои:

„СДСМ е партијата која го уништи Охрид. СДСМ е партијата која ја загрози иднината на Охрид создавајќи долгови и пустош. Впрочем токму денес пристигна нова рата од нивниот пустош во вид на долг од 1.5 милиони евра. Тоа покажува дека СДСМ го користеше Охрид само за свои лични пирови, богатења на поединци, партиски цели. Од нивното владеење и пир врз Охрид долго ќе се гледаат и трпат последиците. Kаква ли неодговорност, ароганција, непочитување кон сограѓаните носат во себе СДСМ кога молчат за овие штети што ги направија кои се со несогледливи последици за иднината на Охрид. СДСМ го уништи најубавиот град во Македонија и го претвори во безнадежен. За разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период прави се да се врати светлината на Охрид, да се врати позицијата на градот. ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе прави максимални напори Охрид да го возобнови во град како што доликува.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.