Денеска македонските полициски гранични служби беа информирани од нивните грчки колеги дека поради празничниот период во Р. Грција во оваа соседна земја ќе има забрана за движење на ТМВ, како и на ПМВ со носивност над 1,5 тони.
И тоа: утре (петок, 21.03.) забраната излез од Р. Грција ќе важи од 16,00 до 21,00 часот по грчко време; потоа во сабота (22.03.) за излез од Р. Грција од 08,00 до 13,00 часот по грчко време и вторник (25.03.) за влез во Р. Грција од 15,00 до 21,00 часот по грчко време.