Одбележан Светскиот ден на поезијата посветен на Хозе Емилио Пачеко

По повод Светскиот ден на поезијата – 21 март, денеска во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, се одржа поетски собир во чест на животот и делото на мексиканскиот поет Хозе Емилио Пачеко, минатогодишниот добитник на Златен венец на „Струшките веери на поезијата“.

„Оваа година имаме тажен повод, минатогодишниот добитник на Златниот венец на „Струшките вечери на поезијата“, угледниот мексикански поет Хозе Емилио Пачеко во меѓувреме почина, на 26-ти јануари. Нам ни останува задоволството, радоста, дека и во еден краток период другарувавме или мексиканската поезија, неговата поезија ја приопштивме кон поезијата преведена на македонски јазик. Овој пат кратко се сеќаваме на неговиот живот и на неговото дело.“ – истакна поетот Тоде Илиевски.

bibilioteka

Инаку, Хозе Емилио Пачеко е роден во Мексико Сити во 1939 година. Предавал книженост на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Бил член на мексиканската академија на јазиците. За своето исклучително поетско творештво многукратно е наградуван, а лауреат е и на големата награда „Сервантес“.

WebOhrid