Успешно реализирана последната сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот

Во просториите на Црвен крст Охрид, денеска се одржа четвртата, последна сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот.

„Пиењето алкохол не е во мода како што беше еден период, младите на запад веќе избраа нов модел на однесување, а тоа е трезвениот модел. Значи треба да бидат трезвени, да не го користат својот кислород, во мислите, да пие, да не пие, со кого да пие, колку, како да пие и зошто да пие. Младите знаат многу поубаво од нас, бидејќи тие се интернет генерации и седат на интернет, ги знаат штетностите што произлегуваат од тоа користење на алкохол. Следната борба ќе ни биде со Локалната самоуправа кои што сеуште се двоумат дали да отвориме клуб на алкохоличари во Охрид. Нивното мото е: „не не задевајте, немаме пари, немаме просторија“, а простории има колку сакате, и пари никој не им бара. “ – истакна Владимир Панзов, претседател на Здружението Здрав живот.

SesijaAlkohol02

Панзов изрази голема благодарност до претседателот на Црвен Крст Охрид, Сашо Точков за кој како што рече со голема леснотија го прифатил овој предлог и дека резултатите денес се видливи.

Инаку, на 20 волонтери од клубот на млади на Црвен крст Охрид, кои активно учествуваа на обуката им беа  доделени сертификати за успешно завршената обука, како и признание на Црвен крст Охрид како организација домаќин.

SesijaAlkohol03

WebOhrid