Во врска со прес-конференцијата на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои:
„И повеќе од јасни се спиновите на ОО СДСМ и трагикoмичните пресови и сооопштенија во кои укажуваат забелешки за хортикултурно уредување во градот Охрид.
Ако знаат да критикуваат нека ги свртат критиките кон себе си и нека се запрашаат што е тоа од доменот на уредувањето на градот Охрид што ќе остане како нивна симболика за депонија во градот Охрид создадена во нивниот период.
Ако не можат да се сетат од ОО СДСМ тука сме ние да ги потсетиме дека МАУЦКЕР едно од поубавите делови на градот Охрид го претворија во огромна депонија. За да се уверат во начинот на работа на ВМРО-ДПМНЕ слободно можат да согледаат како ВМРО-ДПМНЕ целосно се грижи за вештачки направените депонии низ градот Охрид од страна на СДСМ и како ВМРО-ДПМНЕ овие депонии има за цел да ги претвори во индустри зони, во пристојни катчиња за најмладите, во паркови и слично.
Градоначалникот Бакрачески со Локалната самоуправа и ВМРО-ДПМНЕ во целост се посветени кон уредување на секој дел од градот Охрид, впрочем тоа се покажа и докажа за нецела година со новиот плоштад во центарот на градот како и со мини плоштадот во Горна Влашка маaла. Ваквите активности ќе продолжат низ секој дел од градот Охрид бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги знае потребите на народот и целосно им излегува во пресрет.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.