Блажески: Моралните принципи и чувството на одговорност е поважно од која и да било атрактивна политичка функција

Генаралниот секретар  на ЛДП  Дуфе Кукоски денес во официјално соопштение до медиумите изјави дека портпаролот на штаб на ЛДП Дејан Блажески  и актуелен советник побарал да не биде дел од пратеничката листа од редовите на ЛДП заради моралната одговорност кон гласачите на Охрид и нивната доверба дадена за Совеник во Општина Охрид.

„Блажески есксплицитно објасни дека во овој момент  најважна е  битката за градот и  опозициската коректура на локалната власт за подобро утре на охриѓани. Ова е еден од ретко совесните гестови во политичката историја на Македонија“ – вели Куковски.

Блажески во својата изјава кажа дека моралните принципи и чувството на одговорност е поважно од која и да било атрактивна политичка функција. Меѓу другото, неговата одлука ја објасни како вистинки модел за справување со оваа недемократска власт.

„Од локално во Охрид, па се до централно ниво продолжуваме во рушењето на оваа власт. Луѓето и фукциите се менливи, но не и она што го оставате позади себе. Верувам и посакувам нов Претседател и нова Влада за подобро утре, дури тогаш после победата која ќе ја издвоиме можеме да дејствуваме  и на други позиции но само  зависно од тоа на која позиција ќе дадеме најголем придонес.“ – истакна Блажески.