Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Силување“, СВР Охрид против лицето А.Р. (20) од Охрид, поднесе кривична пријава, по што него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Пријавениот, во текот на февруари и март оваа година сторил две кривични дела „Силување“, откако по кратко следење во вечерните часови користел погоден момент и со употреба на сила нападнал две жени од Охрид.
На 26-ти фебруари годинава, околу 20 часот, на улицата „Мирче Ацев“ пријавениот А.Р. следел 31 годишна охриѓанка по што пред влезот од зграда физички ја нападнал. Тој насилно одвлекувајќи ја со раце почнал да ја допира по целото тело обидувајќи се да ја присили на обљуба.
Истото го направил и на 7-ми март оваа година кога околу 21 часот на улицата „Богомилска“ забележал девојка и веднаш и се втурнал фаќајки ја силно за двете раце. Потоа, со извртување на рацете ја повлекол кон себе и започнал да ја допира по телото сакајќи да изврши обљуба врз неа.
Во двата случаи, сега притворениот А.Р. бил оттурнат а нападнатите успеале со викање да избегаат од него и случајот да го пријават во СВР Охрид.