Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:
„Дезоориентацијата на ОО СДСМ ја преминува секоја граница па во однос на нивното соопштение за наводно одобрен кредит од светска банка уште во 2011 година се прашуваме дали станува збор за некој гаф или подготовка за првоаприлска шега?
Вистината е една и единствена и укажува на тоа дека СДСМ во 2011 година нити аплицирала за некаков проект ниту спровела проект.
Фатени во лага немајќи ни елементарно познавање на целосните процедури за одобрување на средства (кредит) од Светска Банка за еден проект појаснуваме, дека пред се еден проект треба да се осмисли, истиот да се одобри од министерството за финасии и според изработена физибилити студија да се аплицира за средства преку кои ќе се реализација проектот! Очигледно ни осумгодишното владеење не им било доволно да научат процедура за добивање на средства за проекти. Токму сега ни е јасно зошто во осумгодишното раководство на СДСМ со Охрид се достигнал врвот на задолженоста и нереазлизацијата на ниту еден проект нити пак имало обезбедување на кредити.
Прашуваме кој е тој проект или проектна документација што СДСМ ја доставила и врз основа на што се одобрил кредитот од Светска банка? Граѓаните и пошироката јавност бараат обелоденување на вистината.
Но вистината е една и единствена а тоа е дека Градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ во целост се посветени кон обезбедување на средства за реализација на предвидените проекти, но само и само по постапки пропишани со закон и начин кој е во целост транспарентен.“– се вели во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.