Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и општина Охрид, во која се вели:
„Денешното соопштение на СДСМ испратено до медиумите, ги потврдува сите наши претходни констатации, дека СДСМ нема апосолутно никакви па ни основни познавања за проектен циклус и проектен менаџмент. Можеби тоа за нив е и оправдано со оглед на фактот што општинската администрацијата предводена од СДСМ никогаш не подготвила проект за да знае како тоа се прави . Затоа ги покануваме господата од СДСМ да дојдат во Локалната Самоуправа и на стручните служби да им посочат кои проекти ги оставиле зад себе и да покажат каде аплицирале со нив ако тоа и воопшто го сториле некогаш.
Најодговорно тврдиме дека при преземањето на Локалната Власт не наидовме на ниту еден проект. Ако госпподата од СДСМ мислат дека проекти се прават со ден губења низ охридските кафани тогаш дефинитивно не знаеме како да им помогнеме. И малите деца од предучилишна возраст знаат дека работата на проекти е долготраен, макотрпен и посветен процес.
Господо од СДСМ во 8-те години колку ште бевте на власт во Охрид здраво разумно ги заобиколувавте законите преку цесии и компензации па дури и свесно ги цицавте општинските пари стекнати по основ на комуналии иако јасно знаевте дека тие се основниот извор на општински приход.
Ако за вас гореневеденово е проект ние ви честитаме и слободно можеме да кажеме дека периодот на девијантно однесување замина заедно со вас. Охриѓани знаат да ги препознаат вистинските вредности, чесните луѓе и посветена работа и зароа тие никогаш повеќе нема да дозволат да се случуваат заткулисни игри и малверзации зад кои секогаш стоевте вие.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.