Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Врнежи од снег има на планинскиот премин Стража, Маврово и Крушево кои не претставува проблем за одвивање на сообраќајот, а на планинскиот премин Плетвар и Пресека се бележат врнежи од дожд и снег кои исто така не преставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрон