ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес испрати реакција кон соопштението на ОК на ВМРО-НП, во врска со темата ЈП „Билјанини извори“ и паркинг простор.
„Продолжува серијалот на неразбирливи соопштенија на двајца тројца луѓе кои што се нарекуваат партија а кои дирекно учествуваа во уништувањето на се што е јавно добро во градот Охрид, па преку соопштенија изразуваат некаква загриженост од процеси кои што се најтранспарентни, кои што се во интерес на граѓаните и туристите на Охрид а пред се на вработените на ЈП Билјанини извори.
Наместо да им се извинат на граѓаните и да сносат одговорност за тоа што го пропаднаа Јавното претпријатие, а паркинзите им ги дадоа на нивните бизнис партнери да ги полнат џебовите треба да обелоденат каков интерес имаа при нивните зделки, а не да се појавуваат во јавност со чудни соопштенија.
Треба да кажат колку пари заработија нивните бизнис ортаци, колку заработија на сметка на Охриѓани кога наплатуваа паркинзи по 50 денари на час, а граѓаните на Охрид и туристите беа буквално малтретирани со закани, омаловажување, влечења за раце и сл.
Граѓаните тоа никогаш не го заборавија и затоа на народна и нивните довчерашни коалициони партнери ги казнија на последните локални избори со катастрофален пораз од кој што сеуште неможат да се опорават.
Охриѓани знаат на кого му ја дадоа довербата а знаат и сега на престојните претседателски и парламентарни избори на кого ќе му ја дадат довербата и со тоа ќе им покажат колку се релеватни нивните небулозни соопштенија.
Прикажувањето на една благородна современа идеја за приватно јавно партнерство од која ќе имаат најмногу корист граѓаните на Охрид и ЈП Билјанини извори да се прикаже како негативна, укажува за незнаењето, негрижата и пред се неодговорноста на луѓето кој што долго време го управуваа градот.
ВМРО ДПМНЕ заедно со Локалната самоуправа ќе продолжи да ги спроведува сите зацртани програмски определби за подобрување на животот на граѓаните во Охрид.“– стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.