Македонија се исклучи за Часот на планетата Земја!

 Македонија докажа дека е дел од најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја. Рекорден број локации го исклучија осветлувањето за Часот на планетата Земја во Македонија.  

Плоштадот  Македонија  потоа  во  мракот  во  точно  20:30  часот,  а  потоа  со  запалени  свеќи  се формираше бројот 60+ што  означува 60-минутно штедење на енергетските ресурси и заштита  од климатските промени.  

 Во исто време  волонтери од Црвениот Крст  на Република Македонија низ сите 35 општински  организации  на  Црвениот  Крст  низ  државата  и  Црвен  Крст  на град  Скопје  симболично  го одбележаа  Часот  на  планетата Земја на предвидените локации  за   исклучување  низ Македонија.  

И Скопје Сити Мол потона во мрак за Часот на планетата Земја. Во период од еден час беше  исклучена  илуминацијата  на објектот, но исто така беше редуцирано осветлувањето  и  во  внатрешноста.  

Прекрасни фотографии и видеа пристигнаа и од одбележувањето на Часот на планетата Земја и  во  скопските  општини Аеродром  и  Кисела  Вода,  каде  беа  исклучени  големите  паркови  на нивната територија.  

 И градот Охрид со неверојатно одбележување на оваа светска акција. Во 20:30 часот во мрак потонаа комплексот Канео, Самуиловата тврдина и споменикот Свети Климент Охридски.  

„Македонија потона во мрак за Часот на планетата Земја.  Покажавме дека ја имаме моќта да направиме промена и да докажеме дека и Македонија е дел од Часот на планетата Земја !“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.   

Македонија е единствена земја од целиот свет чии видеа од исклучувањето на осветлувањето на предвидените локации завршија на три посебни официјални видеа објавени од глобалната  организација на Earth Hour.