Започна снимањето на филм во рамки на промоција на спортскиот туризам

По повод започнувањето со реализација и снимање на филм на локациите Маркови Кули, Камена Баба и Трескавец од страна на www.petzl.com, реномирана Француска фирма за производство на опрема за планинарење, алпинизиам, спортско качување и за опрема за висинска работа, денес се одржа средба помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Марјан Спасески и Ерван Ле Ланн, претставник на Petzl.

Ерван Ле Ланн го запозна директорот Спасески за новиот производ кој се вика Crash Pad кој ќе биде промовиран со овој филм, кој започна да се снима од 30 Март до 7 Април на локации во Прилеп. Воедно, Ле Ланн образложи дека повикани се најдобрите качувачи од светот како Даве Грахам, Дино Андрада и останати качувачи од Америка, Франција, Австрија и Словенија, како и еден претставник од Македонија. Екипата која учествува во снимањето на филмот е од Америка и е продукција што учествува во снимањата на National Geographic.

Директорот Спасески му се заблагодари на господинот Ле Ланн за изборот на локацијата за снимање и го запозна со предностите што Република Македонија ги има во делот на овие спортови. Исто така, Спасески го запозна Ле Ланн и со проектот “Вештачка карпа за спортско качување” со што Македонија стана држава со највисока вештачка карпа во југоисточна Европа.

На крајот од средбата господинот Ле Ланн се заблагодари за приемот и истакна дека снимањето на овој филм претставува припрема за престојниот настан кој треба да се одржи од 24 до 29 Септември 2014 година. Насловот на настанот е Petzl Rock Trip 2014 – Petzl on the Balkan route ! Овој настан ќе биде караван со качувачи и туристи вљубеници на природата, кои започнувајќи од Романија, Бугарија, Македонија, Грција и Турција ќе патуваат заедно, ќе се качуваат, ќе ги гледаат убавините на овие земји, а целиот настан ќе биде пропратен со 8 камери и пропратна филмска екипа – заврши Ле Ланн.

Инаку караванот започнува со 250 луѓе на кој се очекува да се приклучат уште три пати повеќе луѓе,а домаќини на овие настани се Агенцијата за млади и спорт, Македонската Спортско Качувачка Федерација и општината Прилеп. 

Господинот Ерван Ле Лан беше придружуван од страна на претседателот на Македонската Спортско Качувачка Федерација, господинот Владо Трповски.