ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ упорно како да оди против народот со тоа што ги наградува личностите кои беа дел од тимот на СДСМ

И денес како и во изминатиот период очигледни се недоследностите и непрактикувањето на она што преставува интерес на граѓаните и градот Охрид од страна на СДСМ, рече на денешната прес конференицја портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никол Митровиќ.

„Во моменти кога од нив во најмала рака се очекува јавно извинување за се она што се направи со нивното уништување на градот Охрид, СДСМ упорно како да оди против народот со тоа што  ги наградува личностите кои беа дел од тимот на СДСМ кој владееше  во т.н мрачен период на Охрид. Типичен пример за тоа е кандидатот за пратеник од СДСМ од Охрид Томислав Тунтев. Правејќи ретроспектива се согледува дека Тунтев бил еден од главните фактори за донесување на одлуки за  Охрид во периодот од 2009- 2013 година. Одлуки од СДСМ кои биле постулати врз самиот регрес на градот . Неговите функции како советник во Советот на Општина Охрид, координатор на мнозинската советничката група на СДСМ како и функцијата Заменик градоначалник му давале големо влијание врз она што значи управување со  Охрид сепак какви биле Одлуките и начинот на  управување со градот, тоа најдобро можеме да го согледаме денес, кога Охрид е наследен со милионски  долгови, кога јавните претпријатија исто така беа наследени во катастрофална финансиска состојба, со урбан хаос и уште многу други негативности. И токму поради тоа бараме морална одговорност од довчерашниот висок функционер на Локалната самоуправа Охрид, а денешен лидер на Општинската организација на СДСМ и најверојатно пратеник во идниот состав на Собранието на Република Македонија…“ – обвини Митровиќ и додаде:

„Што е тоа што е впечатливо во политичка кариера за градот Охрид па го наградуваат со високи партиски функции.  Што Томислав Тунтев направил за градот Охрид?

Дали Тунтев знаел за долгот на градот Охрид и дали се обидел согласно неговите ингеренции да го спречи ваквото финансиско тонење на градот Охрид? Дали во јануари 2013 година во предизборен период кога и покрај тоа што знаел дека администрацијата е пренатрупана и гломазна и кога знаел дека и општината и јавните претпријатија се во финансиски колапс, прашуваме дали се ангажирале  ни помалку ни повеќе туку 320 нови лица, која била нивната намена и кој бил ставот на Тунтев во однос на свесното пренатрупување на општинската администрација? Дали Томислав Тунтев знаел за енормните долгови на јавните претпријатија на градот Охрид?

Да е хипокризијата и лицемерието најголемо, денес се обидува да се спинува одлуката на ЈП Билјанини извори за набавка на електронска опрема по пат на ЈПП  па прашуваме дали како заменик градоначалник и координатор на  мнозинска советничка група  се спротивставил на одземањето на паркинзите од истото претпријатие и давање под концесија на приватна фирма за минорна сума на средства за цели пет години? Дали Тунтев ги знаел потрошените средства за репрезентации и службени патувања во периодот 2005-2013 година? “– запраша Митровиќ.

Од Ок на ВМРО-ДПМНЕ  прашуваат каде ли е моралната одговорност на СДСМ, каде е моралната одговорност на Томислав Тунтев кон она што значи просперитет за градот Охрид и каква ќе биде неговата борба за интересите на  Охрид кога веќе имавме можност да го видиме неговото делување  за градот Охрид низ различните негови функции.

„Ваквите нелогични потези на раководството на СДСМ покажуваат и потврдуваат дека нив воопшто не им било, нити им е  грижа за градот Охрид и за Охриѓани. Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ,кандидатите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, градоначалникот Бакрачески, Локалната самоуправа во целост се насочени кон враќање на сјајот на градот Охрид, враќање на достоинството за живот во градот Охрид, кон просперитет и препород во сите сфери на градот Охрид, нешто што беше целосно загубено во периодот од 2005-2013 година.“– заврши Митровиќ.

WebOhrid