Охридската библиотека го одбележа Меѓународниот ден на книгата за деца и млади

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и годинава  го одбележа 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, со организирање средба со писателот Тоде Илиевски, член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на дванаесет книги, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година.

„Денеска е 2-ри април, меѓународен ден на детската книга, многу земји се членови, меѓународната организација, светски совет на детската книга, меѓутоа Македонија не е членка сеуште, и јас за таа условно да речам неправда или пропуст на македонските издавачи и сакам да покренам иницијатива за зачленување и таа иницијатива траеше од 2007 година до денес. Значи Македонија мора да ги прифати светските норми за да биде членка на IBI, но и да направи поместување во статусот на детската книга. Македонија долго време не размислува за развојот на детското издаваштво и затоа ни се случуваат овие слабости после кои ќе мораме да направиме некакви реформи и тие треба да се однесуваат на читањето, затоа што читањето е област која многу влијае во општеството, а завршува некаде во 10-тата година. Значи утврдено е, психолозите велат дека читањето како навика може успешно да се усовршува или да стане навика, некаде меѓу 10-тата и 12-тата година. Јас имам 62 години и спаѓам во најмладите писатели за деца. Тоа значи статусот на македонските детски писатели не задоволува, треба да се размислува за нивно поттикнување, како финансиски така и програмски“. – истакна писателот Тоде Илиевски.

На средбата беа претставени одбрани песни од стихозбирките: „Ведро едро“ (1990), „Изворите во горите“ (1999), „Липов чај“ (2009) и „Ќерката на поетот“ (2011).

Според охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски убаво е што постои ваков ден на поезијата за деца, односно литературата за деца, бидејќи во моментов како што рече, Македонија на творечки план како да отстапувала од афирмирање на овој литературен жанр.

Евидентно е дека во Македонија нема помлада писателска творешка енергија, која што своето творештво би го посветила на децата. Литературата за деца не е едноставна. Таа можеби е една од најтешките, бидејќи треба оној што се зафатил со таква литература треба да го знае одлично детскиот свет и да е во чекор конкретно во овие времиња на брз и технолошки развој, односно треба да ја знае да ја почитува и да ја негува онаа лексика која е денес актуелна кај децата. Бидејќи денеска е Денот на детската литература, моја препорака е најпрво до родителите, до наставниците, воспитувачите од најмали детски години, пред очите на детето секогаш да има по некоја корица од книга.“ – рече Ѓорго Димоски.

WebOhrid