СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(40) од Охрид, за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2011 година во Охрид на ул. „Лазо Трповски“ пријавениот спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, на масандра од колктивна зграда бесправно изградил од 218,96 метри квадратни наменети за продажба. Инаку, пријавениот на 17.08.2011 година до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина доставил барање за утврдување на правен статус на бесправниот објект, прикривајќи дека отстапувањата во градбата се извршени по 03.03.2011 година односно по донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.