ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема капацитети за квалитетни дела

СДСМ ја наби целата негативна енергија преку Охрид во кој покажа како не треба да се води еден град, како за СДСМ се битни само личните интереси, како СДСМ нема капацитети за квалитетни дела, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ.

„Истата таа приказна денес СДСМ сака да ја продаде како успех , нанесувањето штети на општеството да го прикаже како државност, немањето на ниту една идеја и проект да го прикаже како напредок. Целата таа негативна селекција на однос кон граѓаните и општеството СДСМ сака да ја прикаже како наша иднина.На граѓаните на Охрид доста им е од неконструктивноста, незнаењето, немањето програма на СДСМ, доста им е од промоцијата на задолжување како вредност која ја усоврши СДСМ во Охрид, промоција на расипништвото како главно дело на СДСМ и немањето ни трошка грижа кон националните интереси што за жал со конкретни дела го покажа СДСМ и посебно нивниот кандидат за претседател.“– истакна Митровиќ.

Митровиќ кажа дека Охрид е град, а охриѓани граѓани кои знаеле и знаат да ценат кој каков однос има кон нив.

„Затоа оние кои му ја нанасоа најголемата економска штета и штета врз достоинството на Охрид ,немаат лице во Охрид да бараат поддршка затоа што сета поддршка што ја имале ја потрошија за свои интереси. Охриѓани јасно е дека нема да дадат поддршка за СДСМ кој е симбол на 8 годишно руинирање на Охрид.ВМРО ДПМНЕ се бори и ќе се бори Охрид да го врати на стабилни основи, да го придвижи нанапред почитувајќи ги притоа сите општински и државни интереси.“– додаде Митровиќ.

WebOhrid